Шампионот во полусредна категорија на КСВ, Роберто Солдиќ, ќе ја брани титулат против Патрик Кинцл на КСВ 50 за еден месец во Лондон. Солдиќ е со скор од 16-3 ММА и е во серија од три победи со нокаут. Роберто е нокаут машина и има добиено 10 од последните 11 борби се со нокаут.
Минатата година тој ја загуби титулата од Дрикус Ду Плесис, но неколку месеци подоцна го нокаутира и си ја врати. Во последна борба во март Солдиќ го одбрани појаост со нокаут над Кристијан Казубовски. Кинцл е ветеран со ММА скор од 22-9 и е во серија од 3 полседователни победи. Во последната битка во јуни го победи Метија Шијаволин.