Жилберт Барнс (22-7) доби огромно признание од една од ѕвездите на УФЦ во средна категорија, Роберт Витакер (27-7). Тој го нарече еден од најдобрите во клучниот елемент на мешаните боречки вештини – граплинг.
„Мислам дека Жилберт Барнс е еден од најдобрите граплери на мешани боречки вештини во историјата. Тој е феноменален во борби. Точка!“ изјави „Косачот“ во интервјуто за ММА аркаде.
😂😂Robert Whittaker sums up Dricus Du Plessis' fighting style:
"He is so awkward and cumbersome to watch but he gets it done, he makes it work. He runs at you, throwing punches like you stole something from him…
I don't know how else to sum him up, he would fit in perfectly… pic.twitter.com/jqsihCZIMd
— Home of Fight (@Home_of_Fight) August 20, 2024
38-годишниот Бразилец викендов оди против Шон Брејди (16-1) во можеби еден од последните натпревари во неговата кариера. Доколку загуби, тоа ќе му биде трет во низа по борбите со Белал Мухамед (24-3) и Џек Дела Мадалена (17-2).
Двајцата ја насловуваат галата Фајт најт во Лас Вегас, која ќе се одржи ноќта меѓу 7 и 8 септември.