Роб Фонт ја надмина потребната тежина на мерењето (ВИДЕО)

Роб Фонт не успеа да ги симне вишокот килограми за да биде на пропишаните за битката во петел категорија против Марлон Вера. Тие ќе се соочат на гала вечерта на УФЦ во Лас Вегас во недела рано наутро, по македонско време.

Сепак, се покажа дека и покрај додадената толеранција од половина килограм, Фонт сепак ја мрдна „стрелката“ на вагата. Тој ги закова стрелите на 62,8 килограми, што е за 1,1 повеќе од дозволеното. Тоа значи дека Роб ќе мора да плати дел од својот хонорар на Вера, без разлика на текот на нивната средба. Од друга страна, Марлон се справи со предизвикот и беше точен на потребното барање од 61,69 килограми.

Љубителите на боречките вештини ќе видат уште една битка на ветеранот Андреј Арловски. 43-годишната легенда ќе се соочи со Џејк Колиер во тешка категорија. Нивната битка е загревање за главниот меч за време на викендот.

Главна карта:
Роб Фонт (62,82) – Марлон Вера (61,69)
Џејк Колиер (120,20) – Андреј Арловски (111,58)
Андре Фили (66) – Џоандерсон Брито (66)
Џеред Гордон (70,53) – Грант Досон (70,53)
Дарен Елкинс (66) – Тристан Конели (66,23)
Хералд Мерчарт (83,92) – Кшиштоф Јотко (84,37)

Прелими:
Александар Романов (236,5) – Чејс Шерман (247)
Даниел Ласерда (125) – Франциско Фигуеирдо (125,5)
Габриел Грин (170,5) – Јохан Лејнес (169)
Нејтан Леви (155) – Мајк Бриден (155,5)
Џина Мазани (126) – Шана Јанг (125)
Татсуро Таира (125,5) – Карлос Канделарио (126)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON