Претседателот на Ризин, Нобојуки Сакакибара се извини за „гнасното“ непочитување што му беше покажано на Флојд Мејведер на Ризин 38.
Мејведер се врати во Јапонија за да се соочи со Микуру Асакура на Ризин 38, цели 4 години по неговото последно појавување под знамето на Ризин кога го нокаутира Теншин Насукава во 2018 година.
Слично на тоа деби, „Мани“ можеше да постигне уште 1 брза победа во рингот, славејќи со нокаут на самиот крај на втората рунда. Пред оваа борба, како што е вообичаено на јапонските боречки спортски настани, имаше церемонија на која на борците им беа подарени цвеќиња.
Лицето задолжено да му го предаде цвеќето на Флојд не бил премногу среќен поради тоа. Јапонцот го фрлил на земја, правејќи чин на непочитување. Сакакибара се извини за однесувањето на овој човек, ветувајќи дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори.
„Благодарам на сите што присуствувавте и учествувавте на настанот. Навистина ги ценам сите 22 борци од се срце. И повторно, длабоко се извинуваме што дозволивме таква гнасна индивидуа да влезе во светиот ринг.
Ветуваме дека ќе се погрижиме таквите дела никогаш да не се повторат“, напиша Сакакибара.
Ова непочитување не му пречеше на Флојд Мејведер, но јасно е дека овој тип на однесување е во спротивност со нормалната природа со почитување по која се познати јапонските боречки вештини. Ова е видеото од инцидентот:
https://twitter.com/VqndqL1sm/status/1573930423083999232?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1573930423083999232%7Ctwgr%5E7dd55c0abd050e757151f2390ecc2f372dd52e80%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Fvqndql1sm%2Fstatus%2F1573930423083999232image%3Dhttps3A%2F%2Fabs.twimg.com%2Ferrors%2Flogo46x38.png