Ризин 3: Енди Соувер загуби со сабмишн (ВИДЕО)

endi-souver-mijata

Енди Соувер (1-2) ја одработи третата ММА борба на Ризин во Саитама супер арена против Казујуки Мијата (15-9).

Поранешниот олимписки борач на самиот почеток влегува во клинч и го урива Холанѓанецот. Соувер успеа да го спречи да не дојде во маунт позиција, а Јапонецот преоаѓа давење со триаголник, па се обидува со армбар, но Соувер привремено ги запира заканите.

Мијата наскоро повторно доаѓа во маунт позиција, Соувер успева да го и сфрли, но завршува во гилотина додека се обидуваше да го подигне. Јапонецот со давење ја враќа борбата во партер, уште еднаш на давење со триаголник, но по четири и пол минути од првата рунда со лост на раката го завршува двокртаниот победник на К-1 MAX.

Јусуке Јачи жестоко влезе во мечот и за само 18 секунди го нокаутира Филипинецот Марија Сисмундо.

Ризин 3:

Казујуки Мијата – Енди Соувер (сабмишн, армбар, Р1)

Јуки Мотојама – Алан Насименто (поделена одлука на судиите)

Тацумицу Вада – Каи Кара (едногласна одлука)

Јусуке Јачи – Марио Сисмундо (КО, Р1)

Кана Асакура – Алиса Гарсија (едногласна одлука)

Вадим Немков – Алисон Висенте (КО, Р1)

Сатору Китаока – Дарон Круикшенк (сабмишн, гилотина, Р1)

https://youtu.be/U-Wm1TWRpek

https://youtu.be/tNfpkW3TXTs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON