Ристо Димитров – Чурино кој работи како ММА тренер во Оман и годинава учествуваше на Спартанската трка во должина од 22 километри со 35 препреки и ја заврши на 96 место од 381 натпреварувач. Сепак, Димитров покажа невидена храброст и издрлжливост и со една нога ги заврши последните осум километри поради истагнат лигамент.
„Ќе бев во топ 10 натпреварувачите со пласман, но повредата си го направи своето. Вакво нешто никој не направил од Македонија. Стиснав заби и издржав“, вели Ристо Димитров кој се подготвувава со својот ММА тим да учетсвува на турнир во Кувајт.
Ова му беше втора трка на Чурино, лани прв пат трчаше, но тогаш немаше никакви проблеми и го освои 9-тото место од 384 учесници на трката.
Трката се одржа во петокот во Џебел Сифа, посебна наслелба надвор од Мускат во Оман.
Ipon.mk