Ристо Димитров поразен во интерсна борба од Мануел Билиќ

Dimitrov i Bilic na najva

Нашиот ММА борец, Ристо Димитров-Чурино, вечерва беше поразен од Австриецот Мануел Билиќ на ФФЦ 19 во Линц, Австрија.

„Почнав добро, направив грешка и ме чинеше борбата. Фала на сите за поддршката“, напиша на својот фејсбук профил Димитров по мечот.

Мануел Билиќ – Ристо Димитров – TKO (Рунда 1, 04:02)

Првaтa минута од борбата помина без речиси без еден удар, а потоа Билиќ се обиде со кружен удар со шака, но Димитров ескивираше и го собори австрискиот борец. Димитрова имаше контрола околу половина минута, по што Билиќ успеа да направи промена и да дојде во горна положба. На крајот од третата минута Билиќ се подигна, но само за да се обиде да стапи до фул маунт, и што му успеа, односно Димитров прелесно му го доволи тоа.

Потоа Билиќ тргна во граундендпаунд, кој изгледаше моќно, а тоа го почувствува и судијата Грант Ватерман кој ја прекина борбата, односно спречи Димитров да добие уште поголем ќотек. Пресреќниот Билиќ славеше пред своите навивачи и пријатели во својот град, а се потврди неговата изјава дека никогаш не настапил во здодевни борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО