Ристо Димитров: Минатата година беше успешна, а оваа ќе биде уште подобра!

Risto curino muskul

Ристо Димитров-Чурино минатата година имаше неколку настапи,како на ФФЦ 19, Светското првенство во комбат самбо во Казабланка, а на Европското првенство во кураш во Грција го освои бронзениот медал. Тој и за годинава најавува амициозни планови.

Risti clenska karta ma uAEJJF

Какви се твоите планови за годинава, однонсо на кои се натпреварувања планираш да настапиш? УАЕЏЏФ обојави дека годинава ќе има 10 настани во Европа. Ќе настапиш ли некои од нив?

-Оваа година се надевам ќе настапам на повеќе различни натпревари. Тренирам и се надевам ќе имам што повеќе настапи, се разбира и медали. Член сум на УАЕЏЏФ и мислам дека сум единствен од Македонија, лани требаше да настапам на Greek National Pro Championship под капата на UAEJJF, ама заради финансиски проблеми не отпатував. Годинава се надевам дека ќе отпатувам, барем на грчкиот, а, ако имам пари, ќе гледам да настапам и на други настани.

balac risto

Како ја оценуваш минатата година за тебе и твојот клуб?

-За мене минатата година беше успешна, но и за мојот клуб. Во одлична соработка со Самбо федерацијата на Македонија настапив на Светското првенство во самбо и бев првиот Македонец што настапил во комбат самбо. Имав една професионална ММА борба во Линц, Австрија, на престижната ФФЦ, која, за жал, по моја грешка ја загубив, а ја имав победата и ја испуштив од раце. Потоа имав одличен настап во Белишче, Република Хрватска, и во комбат и во спорт самбо, при што освоив две трети места и покрај премореноста, затоа што патувавме 900 км и не бевме ниту спиени и ниту одморени. Во силната меѓународна конкуренција, да сигневме еден ден порано, ќе се вратевме со злата. Сепак, ова беа првите медали во комбато самбо за македонската репрезентација и за македонското самбо. Со Самбо федерацијата настапивме и на Европското првенство во Кураш. Нашиот клуб го претставуваме јас, во сениорска, и Дарко Лукач во јуниорска конкуренција, како дел од македонската репрезентација предводена од претседателот Ердал Факиќ и главниот тренер Џемаил Идризи. Ние и уште четиримина други натпреварувачи освоивме неколку медали, а од нашиот клуб јас и Дарко Лукач се вративме со две бронзи. Пред тоа немавме некои подготовки. Тоа беше прв наш настап и не ни беа јасни некои од правилата. Сепак, имавме добар и успешен настап. Добро е што за некои спортови за прв пат освоивме медали како репрезентација, што е наша посебна гордост, бидејќи сме пионери во некои спортови.

Risto edo i drugite na EP vo grcija

Настапуваш во повеќе боречки спортови, дали во тој стил ќе продолжиш и годинава? И, нели е тоа исцрпувачко од повеќе аспекти?

-Подготовките се исцрпувачки и напорни, како физички така и психички. Подготовки за повеќе спортови со различен интензитет, различни техники и правила, ама кога се работи со љубов кон спортот, тоа се претвора во задоволство.

Curino dedo mraz

Димитров му се заблагодарува на претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ, за укажаната доверба и вели: „Се надевам дека ја оправдав, можам да гарантирам дека оваа година посериозни подготовки и повеќе успеси. Благодарност до секретарот Славчо Тодоров за несебичната помош во секој аспект и голема благодарност до сите кои ми помогнаа и веруваа во мене. Имавме повеке од успешна година“.

Curino pobednik vo FFC

Димитров му се заблагодарува и на Ведран Икиќ од Џиу џицу клубот Задар од Хрватска, бидејќи пред некој ден подари неколку кимона на неговиот клуб ИГРЈЈ Битола.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON