Ристо Димитров: Ќе продолжам и понатаму да се борам за мојот град и Мојата Држава!

Македонскиот спортист во повеќе боречки спортови како ММА, самбо и други, Ристо Димитров – Чурино кој е на работа во Оман, во улога на ММА тренер, на неговиот ФБ профил напиша интересен статус.

„Бев замолен во приватна порака, да ја промовирам и претставувам Република Македонија во овие тешки времиња за неа. Затоа што сум бил на место каде што може да влијаам и да промовирам, бидејќи има луѓе од целиот свет. Браќа и сестри, видете подолу на сликите колку направив и што направив за мојот град и мојата држава. Дали некаде читате ФИРОМ?!?!?! 


Се потрудив секаде да бидам претставен од Република Македонија !!!!
До сега сум бил на натпревари на кои учествуваа најдобрите од целиот свет, 86 различни националности, луѓе од цел свет, а во македонските медиуми скоро ништо, 
Голема благодарност до оние кои го следат и покриваат секое мое натпреварување и достигнување.
Ќе продолжам и понатаму да се борам за мојот град и Мојата Држава“!!!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON