Ристо Димитров е првиот европски син појас „и го рју џиу џицу“ (ФОТО)

Curin se zablagodaruva za pojasot

Ристо Димитров положи за син појас во „и го рју џиу џицу“, што е прв носител на овој обоен појас во Европа.

Curino go vrzuvaat so sin pojas

Димитров полагаше во Тиват-Црна Гора пред мајсторот од Австралија и тоа два дена.

И го рју џиу џицу е систем од повеќе боречки вештини, а базата му е од џиу џицуто.

„Најмногу има џиу џицу, ама за полагање се работи најдоброто од сите вештини потребни за ММА, како џиу џицу, џудо, тај бокс, таеквондо, борење, па и дури и фитнес тест“, објаснува Димитров и додава дека за разлика од БЏЏ овде нема цртки на полагањата, туку директно се полага за појас.

Curin so majstorite za sin pojas

Полагањето го направи пре дмајсторот Игор Брејкенбек (Смилјевич), кој по потекло е од Србија, а живеел во Виена и сега во Австралија во Сиднеј. Тој е некопкукратен шампион во.кик бокс, а имал и профи борби во ММА во почетокот на 2000-те. Црн појас џиу џицу добил кај мајсторите Такамасе Ватанабе и Риксон Грејси, со кои и тренирал.

„Моментално овој сиситем го пробиваме во нашата држава и мислам дека е најдобар за ММА, бидејќи ги зема најдобрите работи од боречките спртови потребни за ММА. Овој систем е специјално направен за.ММА. Не поттикнува да се натпреваруваме во сите спортови, да се собираат искуства од.сите, а да се имплементира во ММА“, истакнува Ристо Димитров.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON