Рико Верховен: Со Бадр се уште не е завршено

Шампион во тешка категорија на Глори, Рико Верховен, не очекува наскоро неговиот голем противник Бадр Хари да ја заврши кариерата.

36-годишниот Холанѓанец со мароканско потекло загуби на три од последните четири меча, два порази се од Верховен и третиот од неговиот пријател Бени Адегбуи. Сепак, Рико верува дека Бадр има уште повеќе да му даде на кикбоксот и очекува нови спектакуларни борби со негово учество.

„Го гледав неговиот последен меч од каучот и бев многу среќен. Бенџамин го стори токму она што требаше да го направи. Потоа прочитав коментари дека Бадр завршил. Но, јас сè уште не мислам така. Можеби и не прима или можеби донел погрешни одлуки. Или, влегува во борбите со поинаков став“, прокоментира Верховен за локалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО