Рико Верховен неодамна во интервју за Глори откри како му оди закрепнувањето по операцијата.
„Се е добро. Закрепнувањето оди многу добро. По операцијата лекарите ми кажаа колку ќе боли, а јас одговорив дека ме тепале неколку пати и знам што е болка. Но, тие беа во право. Ова боли поинаку, ногата неописливо боли одвнатре, но морам да прифатам“, изјави Рико Верховен и додаде:
„Се лекувам, сакам што поскоро да се опоравам и да се вратам во форма. Во моментов боксирам и помалку удирам „кикови“ (ножни удари). Се вратив, 12 недели по операцијата на коленото треба да биде добро“.
Долгогодишниот владетел во тешка категорија размислуваше за одлуката на Глори уште еднаш да го организира големиот турнир.
„Следува турнирот во четворка, а победникот се бори против Антонио Плазибат за титулата привремен шампион. Многу ми е драго што спортот е се уште тука и што се бориме на високо ниво“, рече Рико Верховен и подвлече:
„Разбирам зошто Глори се враќа на турнирите, бидејќи тие се забавни за гледачите. Но, победникот на турнирот не е секогаш најдобриот борец. Не знам дали ќе се борам на осмиот турнир. Ќе видиме, времето ќе покаже“.