Рико Верховен откри дека е блиску до договор за меч против Френсис Нгану

Една од најголемите светски кик бокс организации Глори на 14 јуни го организира стотиот настан на кој треба да биде главен мечот на Рико Верховен.

Најголемата ѕвезда на Глори се уште не знае кој би можел да му биде противник, но при гостувањето кај Ариел Хелвани ги заинтригира фановите велејќи дека тоа би можело да биде Френсис Нгану, додавајќи дека борбата наводно е блиску до реализација.

„Дефинитивно можам да кажам дека оваа борба е во план. Неодамна гледав интервју со Френсис каде што изјави дека размислува за таа борба и дека е заинтересиран за мечот. Знам дека се водат разговори и многу сум возбуден поради тоа, тоа е огромен предизвик. За мене тоа е нешто ново и различно“, изјави Рико Верховен и додаде:

„Во основа има некои разговори и многумина пројавија интерес за таа борба. Верувам дека стигнавме на половина пат и договорот за мечот со Френсис Нгану е се поблиску. И двајцата се заинтересирани за оваа борба, само чекаат промотерскиот договор“.

Последниот меч на Рико Верховен беше во декември минатата година кога со едногласна одлука го совлада Леви Ригтерс.

И Френсис Нгану, по двата порази во боксерските мечеви од Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, се врати во ММА, каде минатиот октомври во првата рунда со нокаут го победи Ренан Фереира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON