Гилермо Ригондо (17-0, 11 КО) е подготвен да ги шокира критичарите на 9 декември, кога на рингот треба да се сретне против шампионот на ВБО во категоријата супер перо, Васил Ломаченко (9-1, 7 КО).
Битката ќе се одржи во Њујорк во театарот на Медисон сквер гарден. Ригондо, кој држи титулата на ВБА во категоријата супер петел (55,3 кг), ќе треба да се придвижи со цели две категории погоре, за да може да ја загрози титулата на Ломаченко (58,9 кг).
Двајцата боксери се сметаат за едни од најдобрите во своите категории. Секој од нив доминира во аматерските редови и имаат по два златни олимписки медали.
Ломаченко е големиот фаворит за победа во оваа битка, но Ригондо не е импресиониран од нивото на противникот или од физичката предност.
„Ломаченко се борел со многу инфериорни боксери во категоријата во споредба со мене, а што се однесува до неговата висина, речиси сите мои противници беа повисоки од мене. Ако некој се прашува зошто се качувам во две категории погоре, никој не сака да се бори со мене во три категории (петел, супер петел, про)“, рече Ригондо.
Со потсмев гледа на прашањето дали има проблеми со вештините на Ломаченко. Мисли дека Украинецот се борела со противници кои биле инфериорни или непрописно тренирани.
„Нема да имам проблеми, тој е оној кој ќе има проблеми. Јас не сум како труповите со кои се бореше досега“.
„Тежинските категории не ги добиваат борбите, борците ги добиваат борбите. Се рдаувам што ќе ја прикажам најдобрата изведба во кариерата, победувајќи го легендарниот олимписки колега и да го зацврстам моето место како еден од најдобрите боксери во оваа ера“.
Rigondeaux: I'm Not a Dead Body Like Other Lomachenko Foes https://t.co/pOSXgarJQ9 #boxing pic.twitter.com/1jd02psaqY
— BoxingScene.com (@boxingscene) October 16, 2017
.