Дискутабилни се резултатите од позитивниот допинг тест на Андерсон Силва. Излегува дека примерокот испратен до Sports Medicine Research & Testing Laboratory ( SMRTL) бил позитивени, но оние испратени во Quest Labs биле негативни.
Сега се прави повторно тестирање во SMRTL, но резултатите уште не се готови.
Изгледа Силва го користел ова несовпаѓање во истражувањата, за неколку пати да ја одложи одбраната пред Атлетска комисија на Невада.
Се очекува во наредните денови да стане јасно повторното испитување на примероците.