На Државното првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година (У-21) во Скопје Олимпик спорт 2007 со 15 медали е прв со 10 злата, пред Макпетрол со 11 медали – 4 злани, а трет е Кеикс со 6 медали од кои 4 се златни.
На Државното првенство вкупно беа пријавени 43 клубови со 210 пријави, а на „плеј оф“ натпреварите настапија 35 клубови со 112 пријави на натпреварувачи.
И во Плеј-офот Олимпик спорт е прв со 12 медали од кои осум се златни, второпласиран е Кеикс со 6 медали – 5 злата, додека на трето место заврши Металург со 6 медали – 3 златни.
Најдобрите натпреварувачи од секоја категорија по одржаното Државно првенство и Плеј-оф турнирот обезбедија пласман на Европското првенство во 2020 година во Будимпешта, Унгарија.
Резултати Државно првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21
http://kfm.com.mk/imagesfiles/Drzavno_Prvenstvo_Za_Kadeti_Juniori_i_U21_2019_Izvestaj.pdf