Завчера во Радовиш се одржа Државното првенство во борење за основните општински училишта во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт од Радовиш и Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија, а со поддршка на градоначалникот на општина Радовиш.
На Државното првенство учествуваа повеќе од 150 спортисти-борачи од основните училишта во Македонија и предизвикаа огромен инетрес кај љубителите на борењето во Општина Радовиш.
Државното првенство свечено беше отворено од градоначалникот Сашко Николов, а на истото присуствувааи претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија, Александар Туфекчиевски, претседателот и заменик претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Бетим Вренези и Дејан Богданов, како и спортскиот директор Страшо Глигоров.
РезултатиREZULTATI.
Ipon.mk/В.Д.