Режисерот на „Наркос“ снима филм за бразилската џиу џица.
Славниот режисер Хозе Падила за Нетфликс ќе снима филм за бразилската џиу џица.
Насловот на филмот е „Мртов или жив“, а освен за режијата Падлина е задолжен и за пишување на сценариото заедно со Питер Магуир.
51-годишниот бразилски режисер и продуцент сними многу успешни филмови како Tropa de Elite и Tropa de Elite 2, и преработката на Робокап.
Продуцент е на серијалот Наркос на Нетфликс, а режираше и две епизоди.
„Мртов или жив“ се одвива во периодот од 19 век до денес.
Филмот ќе ја раскаже приказната за Мицујо Маеда и Риксон Грејси.
Маеда е клучен за појавата на бразилското џиу џицу. Јапонскиот џудока патувал по светот и го пренел неговото знаење во Бразил на Карлос Грејси и на останатиот дел од семејството Грејси, кое подоцна ќе стане познато како „Кралското семејство на ММА“.
Риксон Грејси е внук на Карлос и освен тоа што е мајстор за БЏЏ, вооедно е и еден од пионерите на ММА.