Македонските репрезентативци Резарт Хусени и Хамза Јашари загубија во првото коло на Европското џудо првенство за јуниори што се одржува во Пореч, Хрватска.
Хусени и Јашари се бореа со многу посилни протовници. Резарт е поразен од Турчинот Демирел, додека Хамза се сретна со Ајхан Танвердијев (Азербејџан).
Од нашите џудисти треба да се бори и Еди Шерифовски во категоријата до 81 килограм против Марк ван Дијк од Холандија.
Резултати
66 кг
Резарт Хусени – Мухамед Демирел (Турција) пораз со ипон и вазари
Хамза Јашари – Ајхан Танвердијев (Азербејџан) пораз со ипон
81 кг
Еди Шерифовски – Марк ван Дијк (Холандија)
Ipon.mk