Реваншот на Поветкин и Вајт во ноември

Еди Херн посочи два датуми во ноември за втората борба меѓу Александар Поветкин и Дилиен Вајт. Херн планира да ги врати во Лондон на 14 или 21 ноември.

На крајот на минатиот месец во Брентвуд Поветкин го нокаутира Вајт со моќен аперкат.

Така, Александар ја запре серијата од 11 последователни победи на Дилиен и ја однесе привремената титула во тешка категорија на ВБЦ. Поветкин влезе во серија од две последователни победи, а вчера наполни 41 година.

Херн не се грижи дека неговиот борец ќе се врати порано, затоа што не му нанесе голема штета во борбата, иако беше брутално нокаутиран.

https://www.youtube.com/watch?v=Aeqw1nTAyoU&feature=emb_logo

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON