Денеска беше одреден нов датум за реваншот меѓу Буакав Банчамек и шаонлинскиот монах Ји Лонг. Тие ќе се сретнат на 5 ноември во Кина за време на турнирот ВЛФ/WLF.
Првобитно борците требаше да го одржат реваншот на 24 септември, но битката беше одложена од непознати причини.
На првата средба Буакав забележа победа, но до неа дојде многу тешко, бидејќи Лонг покажа многу добри вештини во рингот.