Реваншот меѓу ВБА,ИБФ,ВБО шампионот во тешка категорија, Александар Усик и Ентони Џошуа најверојатно ќе се оддржи во април во Велика Британија, вели промотерот на Џошуа, Еди Херн.
Усик (19-0, 13 КО) ги освои шампионските појаси од Џошуа (24-2, 22 КО) со победа на поени на стадионот на Тотенхем во септември 2021, а според клаузулата во договорот ќе мора да ја брани титулата. Победникот од овој меч, најверојатно, го чека дуел со ВБЦ шампионот, Тајсон Фјури.
„Мислам дека реално, април е вистинскиот датум за тој меч. Секако, би требало да биде во Велика Британија, каде што има голем интерес, а Еј Џеј тренира и веќе во февруари би можел да се организира тренинг кампот. Усик сакаше меч во Украина, но мислам дека стадионот на Тотенхем или Вембли се пореални опции“, вели Херн.