Реваншот меѓу Aлександр Усик и Ентони Џошуа е закажан за 20 август во Џеда

Реваншот меѓу Aлександр Усик и Ентони Џошуа официјално е закажан за 20 август во Саудиска Арабија.

Украинецот (35) минатиот септември го изненади Британецот и со тоа ги презеде појасите на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија.

Борбата наречена „Бес на Црвеното Море“ ќе се одржи во градот Џеда.

„Имам цел, со Божја помош ќе ја завршам мисијата“, рече Усик, додека Џошуа борбата ја нарече „средба со историјата“.

„Среќен борец е опасен борец, а јас сум најсреќниот и најмотивираниот досега“.

Усик е непоразен во 19 професионални борби, иако најмногу се бореше во крузер категорија, додека Џошуа пред поразот од Усик, доживеа пораз и од Енди Руиз во 2019 година.

Саудиска Арабија е среќно место за Еј Џеј. Таму веќе одржа задолжителен реванш – против Енди Руиз Јуниор на 8 декември 2019 година. Потоа во рок од 12 рунди прикажа техничка и мобилна борба со која си ги врати појасите од Мексиканецот.

Ова се единствените два порази во кариерата на Ентони – од Руиз и Усик. За возврат, Украинецот е непоразен, а пред да стане светски шампион во тешка категорија беше апсолутен во пониската дивизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON