Реванш средбата за титулите во тешка категорија во верзиите ВБА Супер и ВБО меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко може да се одржи во текот на летото во Велика Британија.
Според чичкото на Тајсон, Питер Фјури, кој е негов тренер и менаџер, сосема е можно мечот да се одржи на 4 јуни во „Манчестер арена“, која е со капацитет од 21.000 гледачи. Се очекува одговор од штабот на Владимир Кличко дали ќе го прифати местото и датумот на одржување на реванш средбата.
„Се уште ништо не е потврдено и бараме датум во јуни или јули. За да бидеме искрени од штабот на Владимир Кличко не се загрижени што сребдата може да се одржи надвор од Германија“, изјави Питер Фјури.