Реваншот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко може да се одржи на 28 октомври на стадионот „Милениум“ во Кардиф.
Објектот е со капацитет од 74.000 седишта, што на 3 јуни ќе ги пречека финалистите на Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Јувентус, е најверојатното место на кое ќе се случи мечот.
„Сметам дека Кличко ќе сака реванш и затоа бараме достапни датуми. „Арената“ на стадионот Принсипалити (кој во моментов го носи името на спонзорот) во Кардиф е недостапен во ноември поради рагби натпревари. Затоа датумот 28 октомври е еден од можните. Исто така можно е средбата да се одржи и во декември, но јас не е сакам да е толку доцна“, изјави промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн.
„Џошуа има мал проблем со рамото, а Кличко одработи тежок меч, целото негово лице е скршено. Имаме уште 2 недели во мај и почетокот на јуни, по што двајцата ќе се вратат во тренинг кампот. Дури и ако боксерите започнат тренинзи во август, можно е борбата да се одржи во септември или октомври. Значи крајот на октомври е работната верзија“, додаде Еди Херн.
„За организација на битката во Кардиф е најсоодветно време, но можно е и во декември. Воопшто не сакам да ги оставам работите за декември. Затоа, гледаме и други варијанти како Арена МГМ во Лас Вегас, Кина и Дубаи, исто така се јавуваат можни опции“, заврши Херн.