Светскиот шампион во тешка категорија во верзиите IBO / WBA / WBO, Тајсон Фјури го објави датумот на реваншот со Владимир Кличко.
Според зборовите на Фјури, вториот меч се планира на 7 мај 2016 година.
Официјално датумот уште не е потврден, бидејќи тимот на Кличко се уште не дал согласност. За местото на средбата се уште се дебатира. Однапред се споменуваше дека арена на борбата може да биде стадионот „Вембли“ во Лондон.