Изборот на карате репрезентацијата за Светското првенство во Мадрид, Шпанија, од 6 до 11 ноември, ќе се направи преку Изборен турнир и резултатите остварени на Премиер лигата во Берлин.
Ова е одлучено на состанокот на тренерите на карате репрезентацијата Сашко Арсовски (борби) и Стојан Андриевски (кати) со клупските тренери кои партиципираат во селекцијата што завчера се одржа во Скопје, а за овој предлог се изјасниле шест тренери.
За критериумите за распределување на наградите на тренерите на државната репрезентација и клупските тренери подолго време има несогласувања, па така пред Европското и Светското првенство ова прашање повторно беше ставено на маса.
Најпозоитивно се изјасниле за предлогот наградите да се делат 50-50, односно наградата да ја поделат тренерот на репрезентацијата и клупскиот тренер, за што се изјасниле 5 тренери.
На состанокот, покрај тренерите на репрезентациите во борби и кати Сашко Арсовски и Стојан Андриевски, присуствувале и Александар Кузмановски, Арлинд Хусеини, Никола Панчев, Јован Лазарев, Мирче Јанушевски, Жарко Арсовски иСашко Патраклиев, додека по електронски пат се изјасниле Бошко Заборски и Петар Белистојановски .
Ipon.mk