Репрезентацијата во борење првата проверка ја почнува утре на „Дан Колов…“ во Софија

Македонската репрезентација во борење од утре настапува на силниот Меѓународен турнир „Дан Колов и Никола Петров“ во Софија, Бугарија.

Под водтсво на тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези за Македонија ќе се борта: Бобан Савев (92 кг), Елмедин Сејфулаху (61 кг), Владимир Егоров (57 кг), Фати Вејсели (61 кг), Ријад Реџепи (65 кг), Могамедгаџи Нуров (97 кг) и Халил Зубаиров (86 кг).

Да посетиме дека нашата репрезентација од 8 март е на подоготовки во спа центарот Дијана бад во Софија со други шест репрезентации.

Да потсетиме дека минатата година на овој силен турнир кој е од рангот на светските првенства Нуров освои бронзен медал.

Сејфулаху ќе се сретне со Украинецот Иван Билеичум, а Весели против Јозеф Молнар од Унгарија. Борбите почнуваат во 9 часот по локално време, односно од 8 часот по наше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON