Истакнатиот македонски боксерски репрезентивец, Примислав Димовски, од денес ќе раководи со специјалната полициска единица „Алфа“,објави НОВА.
Димовски на оваа функција доаѓа од редовите на специјалната полициска единица “Тигар”.
Димовски е неколкукратен првак на Македонија во бокс, а го освои и петто место на Светското првенство во бокс во супертешка категорија.
Примислав Димовски доаѓа на местото на Ивица Антевски – Пуки.
Полициската единица Алфи e задолжена за интервенции во урбани средини за спречување на тешки облици на криминал.
Ipon.mk/В.Д.