Ренцо Грејси (15-7-1-1 НЦ) се врати на борлиштето на ОНЕ шампионатот во Манила по повеќе од осум години отсуство.
Грејси со давење од позади во втората рунда го победи 43-годишниот Јапонец Јуки Конда (60-35-9).
51-годишниот Бразилец е едно од славните имиња од раните денови и член на „Кралското семејство на ММА“.
БЏЏ ѕвездата Гери Тонон беше успешна во вториот настап. Американецот, исто така, со странично давње во третата рунда го совлада Индиецот Рахул Рај (5-4).
Шиња Аоки (41-8-1) со лакти од граун и паунд во првата рунда го натера судијата на прекин на мечот со Тајландецот Шенон Вирачиј (9-3-1 НЦ).
Азија промоција покрај ММА, мај тај и кик бокс борбите ги воведе и боксерските мечеви.
https://youtu.be/AGSOvcrHWGg
.