Таеквон-до клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид изминатиот викенд на „15 Љубљана опен“ освои 30 медали, што е рекорд на освоени медали на еден турнир – 3 златни, 11 сребрени и 16 бронзени.
Сите натпреварувачи се закитија со медал, а некои со 2 и со 3 медали.
Инаку, Хва ранг ИТФ со 15 натпреварувачи во 3 дисциплини: форми и борби поединечно, борби екипно (со три екипи – деца до14 години, девојчињеа до 14 години и јуниори до 18 години).
Филип Трифуноски посебно се истакна за што доби честики од претседателот на Словенечката ИТФ федерација за наговата атрактвиност. Покрај него се истакнаа Климент Кузманоски кој во првата борба со атрактивни удари го натера противникот од Чешка да ја предаде, Марио Крстески кој демострира одлична техника во неговите борби.
Минатата година овој турнир се истакна нокаутерот Антонио Јанески кој со 13 години зададе вртен удар. И оваа година традицијата продолжи со 13- годишниот Божидар Димитриевиќ кој имаше два нокаути со вртен удар и е најзаслужен за пласманот на екипата деца до 14 година во финалето, кој не изгуби ниту една борба во екипниот дел.
„Дефинитивно можеме да кажеме дека она овај турнир најдобри беа Божидар Димитриевиќ и Јане Димов“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.
На турнирот кој важи за еден од посилните учестваа околу 300 натпреварувачи од 23 клубови од 9 земји: Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, БиХ, Австрија, Словачка, Чешка и Унгарија. Настапија комплетните репрезентации на Словенија и Чешка.
На турнирот многу работи беа за прв пат на Хва ранг ИТФ.
Прв пат настапија со девојчиња до 14 години и закитија со сребрен медал, екипата деца до 14 години, не го освои златото поради пристарасноста на судиите за домашаната екипа.
Јуниорската екипа стигна до полуфинале и во полуфинале загуби од репрезентацијата на Чешка, иако се натпреварувачи по 14 – 15 години, а нивните противници по 17 години и сите си црни појаси. Извонреден настап на Јане Димов, настапи прв и атрактивно го победи претставникот од Чешка.
Ipon.mk/В.Д.