Доминик Рејес и Јиржи Прохаска го минаа официјалното мерење пред УФЦ Вегас 25, што ќе се одржи вечерва во Лас Вегас, Невада. Рејес, кој е поранешен предизвикувач за титулата во полутешка категорија, имаше 93,21 кг, а Прохаска се покажа дека е полесен за 670 грама од неговиот противник – 92,53 кг.
Во нивната категорија влегоа и борците од подглавниот судир. Гига Чикадзе тежеше 66,22 кг, а Каб Свансон беше полесен за 230 грама – 65,99 кг.
Габриел Бенитез и Луана Каролина не го минаа официјалното мерење, за што добија казни – Бенитез ќе мора да се раздели со 30 отсто од хонорарот, а Каролина – со 20 проценти.
Резултати од официјалното мерење:
Главна карта
Доминик Рејес (93,21 кг) – Jиржи Прохаска (92,53 кг)
Каб Свансон (65,99 кг) – Гига Чикадѕе (66,22 кг)
Јон Кутелаба (93,44 кг) – Дастин Јакоби (92,98 кг)
Шон Стрикленд (84,14 кг) – Кшиштоф Јотко (84,14 кг)
Мераб Двалишвили (61,46 кг) – Коди Стаман (61,46 кг)
Полијана Ботељо (56,92 кг) – Луана Каролина (58,28 кг)
Воведни
Ранда Маркос (52,16 кг) – Луана Пинеиро (52,39 кг)
Габриел Бенитез (68.26 кг) – Џонатан Пирс (66.22 кг)
Каи Камака (66,22 кг) – Т.Ј. Браун (65,99 кг)
Лома Локбони (52,61 кг) – Сем Хјуз (52,39 кг)
Андреас Михаилидис (84,14 кг) – Кеј Б Булар (84,36 кг)
Лук Сандерс (65,99 кг) – Фелипе Коларес (65,99 кг)