Реџеп Хајдари го освои трoфeјот на 48. Македонски бисер денес во Кочани.
Нашиот борач сосема заслужено дојде до престижниот тројеф на Меѓународниот турнир „Македонски бисер“ бидејќи покажа најмногу.
Најдобар домашен борач е Стефан Штерјов, а Егзон Џони од Косово е најдобар странски борач.
Освежување на турнирот беше Алехандро Вилагомез од Еквадор, кој настапува во Бундес лигата.
Фаворитите многу брзо ги завршуваа борбите. Во финалето внимание привлече борбата меѓу браќата Стојкови од Балканец.
На турнирот учествуваа 29 борачи од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Албанија и Еквадор.
На турнирот присуствуваа министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот Љупчо Папазов, олимпискиот шампион Шабан Трстетна, освојувачот на бронза од Олимписките игри Могамед Ибрагимов, претседателот на Федерацијата за борење Дејан Богданов поранешниот претседател на Боречката федерација Ванчо Чифлиганец и други.
Спартак покажа дека е добар домаќин.
Финални борби:
61 кг Бесир Алили – Михајло Илиев 10-0
57 кг Стефан Стојков – Стојанче Стојков 10-0
65 кг Стефан Зашков – Ендрио Авдили (Албанија) 0-10
70 кг Фати Вејсели- Александар Миланов 10-0
74 кг Бујамин Бериша (Косово) – Мухамед Феруки 1-6
79 кг Реџеп Таири – Егзон Џони (Косово) 3-14
86 кг Стефан Димитров – Марус Малко (Албанија) 1-8
92 кг Алехандро Вилагомз (Еквадор) – Александар Емилов (Бугарија) 11-1
92 кг Арјан Данај (Албанија) – Реџеп Хајдари (бб) 0-10
97 кг Могамегаџи Нуров- Страхиња Деспиќ (Србија) 11-0
97 кг Никола Ѓорѓевиќ (Србија) -Теодор Горгиев 10-0 (предадена)
125 кг Увејс Фејзула-Георги Велев (Бугарија) 0-10
Со голема чест и задоволство, го отворив 48-миот Меѓународен Традиционален Турнир во борење слободен стил „Македонски бисер 2024“ во Кочани – пишува на социјалните мрежи министерот за спорт Борко Ристовски.
„Овој турнир има големо значење за промоцијата на спортот и поддршката на младите таленти во нашата земја.
Голема благодарност кон сите учесници, организатори и поддржувачи кои го прават овој настан возможен.
„Македонски бисер 2024“ ќе биде платформа за најдобрите борачи од целиот свет, кои со страст и посветеност ќе се натпреваруваат на оваа престижна сцена.
Нека победи најдобриот!” напиша Ристовски.