Реџеп Хајдари е најдобропласиран македонски борач на силниот Меѓународен турнир „Дан Колов“ во Велико Трново, Бугарија,освојувајќи го петтото место. Хајадари со Осман Нурмагомедов од Азербеџан се бореше за третото место, но противникот беше доминантен.
Денеска настапија Столе Ефтимов и Увејс Весели, а против силните противници и не можеа нешто повеќе да сторат.
Резултати
92 кг
Реџеп Хајдари – Микита Ловин (Украина) 7-2
Реџеп Хајдари – Батаев (Бугарија) 1-14
за 3-5 место
Реџеп Хајдари – Осман Нурмагомедов (Азербајџан) 0-10
79 кг
Бехар Мамути – Балијан (Индија) 1-4 (4-11)
репасаж Бехар Мамути – С. Борозов (Таџикистан) 0-6
97 кг
Столе Ефтимов – Александар Хуштин (Белорусија) 10-0
125 кг
Увејс Весели – Артем Хашенко (Украина) 0-10