Редкач: Ломаченко се замислува дека е голема ѕвезда

Украинскиот професионален боксер Иван Редкач зборува за својот колега и сонародник Васили Ломаченко, со кого не се, најблаго речено, во најдобри односи.

Редкач е на мислење дека една од главните причини за поразот на Ломаченко од Теофимо Лопез во октомври 2020 година е ѕвездата.

„Отсекогаш мислев дека Васија е добар, тежок борец, но нешто се смени во неговата глава. Тој стана воин – ѕвезда. Лопез го приземји во оваа битка. Тој е како некое поранешно момче кое веќе година ипол вели „Лопез, дај ми да ти се реванширам“. Заборавете за реванш, продолжи понатаму и победи други борци“, рече Редкач.

Доколку овој меч навистина се случи, Редкач верува дека Американецот ќе извојува рана победа.

„Во реванш би се обложил на пари за нокаут од Лопез. Тој е силен, сигурен, веќе победи. Само би го завршил“, сигурен е Иван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON