Реџелари во добро издание на „Петко Сираков“

Jasin Redzelari

На силниот меѓународен турнир „Петко Сираков“ во Бугарија Македонија ја претставуваа Бесмир Весели и Јасин Реџелари (двајцата од Лирија), а Бехар Махмути од Блаканец не отпатува од професионални причини.

Јасин Реџелари во категоријата до 61 килограми се претстави во одлично издание, иако не освои медал. Во првото и второто коло го победи претставниците на Грузија со 10-6 и 10-0 (ТТ). Во полуфиналето е поразен од репрезентативецот на Турција со 19-8, додека во борбата за третото место загуби од домашен борач 16-6, а по првата рунда резултатот бил нерешен 6-6. На крајот, Реџелари го освои петото место.

Вториот наш претаствник, Весели, претрпе два порази, од Грузиец 10-0 и од Турчин 10-6.

Формата на Реџелари може да радува пред Европското првенство за младинци до 23 гоидни во Полска овој месец.

Резултати од „Петко Сираков“:http://www.bul-wrestling.org/%D1%80%D0%B5%D0%B7%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8/%D1%80%D0%B5%D0%B7%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8-2015/4771-it-petko-sirakov-ivan-iliev-6-8-03-2015,-sofia

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON