Речиси 200 кикбоксери од Македонија денес ги почнуваат борбите на Меѓународниот турнир Балкан бест фајтерс во Јагодина, Србија.
Македонија ќе настапи со 191 кикбоксер, а ќе имаа 211 натпреварувачи влезови.
На турнирот ќе настапат 472 учесници со 506 натпреварувачи влезови од 60 клубови од Балканот: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија, Бугарија, Молдавија и Словачка.
Селекторот и претседател на Кик бокс маи таи федрецаијата на Македонија, Дејан Митровски-Урко, очекува успешен настап и многу медали, а за многумина ова ќе биде прилика во силна конкуренција да стекнат нови искуства.