По повод 45 години од востановувањето на реалното аикидо во светот на боречките вештини во неделата во Белград се одржа голем светски семинар во чест на таткото на оваа вештина, Љубомир Врачаревиќ, насловен како „Реално аикидо мојот пат“. Семинарот имаше спортско-хуманитарен карактер под името „Стоп за насиството, дрогата и алкохолизмот-шампионите за идолите“!
„Семинарот беше најголем и најмасовен во светски рамки, од меморијален карактер. Учествуваа репрезетации и клубови од сите земји членки Светскиот центар за реално аикидо од целиот свет. Учество зеде и македонската репрезентација со околу 50-тина учесници од три клуба: Нико од Кочани, Маруи и Кеико од Скопје“, ни ги пренесе импресиите од семинарот мајсторот Николчо Гоцев од КРА Нико.
Воедно, неговиот клуб бил најброен, затоа и го добилл најголемиот аплауз при презентацијата на техниките од најмладите учесници на семинарот.
Семинарот го отвориле керќите на покојниот основоположник на реалното аикидо, мајсторот Љубомир Врачаревиќ, Ана и Сања Врачаревиќ, а мајсторот Радоица Спасовиќ го водел.
„На семинарот беа презентирани огромен број на техники, од што сите учесници беа презадоволни“, истакнува Гоцев.
Посебен белег на семинарот му дале и рокерот Момчило Бајагиќ-Бајага и Народниот ансамбал Азовски донски Козаци.
ipon.mk/В.Д.