Реал Мадрид сака да биде домаќин на УФЦ настан

santiago-bernabeu

Еден од најголемите европски фудбалски клубови, Реал Мадрид, е заинтересиран за домаќин на УФЦ настан на својот стадион Сантијаго Бернабеу. Единствениот услов им е настанот да го предводи најголемата светска ММА ѕвезда во машка конкуренција.

Веќе некое време е познато дека УФЦ сака да одржи настан стадион во Европа, а како главен кандидат веќе некое време котира стадионот Корк парк во Даблин. Сепак, се појави една неофицијална понуда на која УФЦ никако не би можел да остане рамнодушен, доколку постојат вистински намери во таа насока.

Имено, една ирска радио станица дојде до информации дека Реал Мадрид е заинтересиран за домаќинство на УФЦ настан на Сантијаго Бернабеу, еден од најпознатите стадиони на светот. Единствениот услов би им бил настанот да го предводи од Конор Мек Грегор.

Портпаролот на клубот изјави дека тие навистина се заинтересирани за тоа, а дека УФЦ сигурно нема да биде рамнодушен кон можноста за организирање на настанот на стадионот кој собира 80.000 гледачи. Единствен проблем може да биде што Мадрид се наоѓа во Шпанија, држава кој по прашањето за слободните борби е се уште многу мала. Дури, пред неколку дена останаа без единствениот борец во УФЦ, откако беше отпуштен Енрике Марин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON