Екипата на Пинк Пантер во сабота ги продолжува натпреварите во Регионалната бокс лига (РБЛ) во есенското продолжение против една од најдобрите екипи во Лигата, Радник од Бјелина.
Средбата почнува во 18 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.
„Во деветото коло на РБЛ ќе се бориме против најјаката екипа во Лигата со докажани борци и шампиони. Штипската публика ќе може во живо да ги гледа мотивираните пантери подготвени да ги победат великаните Себастијан Шаќири, Алмедин Фетаховиќ, Џемал Бошњак“, вели претседателот на штипскиот клуб Илија Младеновски и додава дека неговиот тим се бори екипата кој атакува на врвот на табелата во РБЛ.
„Пинк Пантер можеби не се најјаките во ова друштво, но сме доволно мотивирани и цврсто решени да одиграме машки до крај.
Во деветото колог, покрај Марко Доциќ, Пинк Пантер ќе добие уште едно засилување и тоа во боксерот кој 2014 година на турнирот „Јордан Мијалков“ беше прогласен за најборбен – Душан Стојановиќ. И тоа во најатрактивната категорија (81 кг)“, истакнува Младеновски.
Тој вели дека екипата полека се комплетира. Тренерот Ристе Грбев утре ќе го даде последниот збор за тоа кој ќе се најде на списокот за овој меч.
„Се уште се држи во неизвесност, само можеме да кажеме дека во составот ќе бидат имињата кои безброј пати аргументирано заслужиле респект од македонската бокерска публика“, посочува првиот човек на Пинк Пантер.
Младеновски уште еднаш искажува најголема благодарност до боксерските клубови Аперкат и Чаир кои помагаат околу тимот за РБЛ, а со кои жестоко се бркаат во Првата и Младинската лигата, при што имаат најголема соработка и вистинско спортско единство, кога е во прашање македонска екипа за РБЛ!
9.коло РБЛ
Пинк Пантер-Радник Бјелина сабота, 18 часот
Лазаревац/ Металац – Сесвете сабота, 19 часот
Славија – Лозница 0-16
Спартак е слободен
Ipon.mk/В.Д.