Размислувањата на Брус Ли: Мухамед Али би ме убил во борба (ВИДЕО)

Brus Li Muhamed Ali borba

Брус Ли и Мухамед Али се најголемите икони во историјата на боречките вештини.

„Малиот змеј“ умре во 1973 година, додека Али не напушти неодамна, во јуни 2016 година.

По смртта на такви великани се извлекуваат приказни од нивното минато. Една таква која го привлече вниманието на љубителите на боречките вештини е и онаа за тоа како би изгледала борба меѓу Ли и Али.

Приказната е објавена во книгата „Создавањето на филмот „Во змаевото гнездо“ од 1987 година.

Режисерот Роберт Клаус прераскажа што му рекол Ли додека го снимале филмот.

Во тоа време многумина расправале за тоа како би завршила борба помеѓу Ли и Али. Некои сметаа дека Ли би победил благодарение на големиот број на техники, додека други беа убедени дека светски шампион во тешка категорија лесно би го нокаутирал.

Ли беше висок 170 сантиметри и имаше околу 65 килограми, додека Али беше 191 сантиметар со голем растојание на рацете од 198 см и на врвот на кариерата имаше малку повеќе од 90 кг.

Според Клаус, Ли ги анализирал двете страни, па дури и вежбал борба со Али покрај големо огледало. Неговиот заклучок? Веројатно не би имал никакви шанси.

„Брус го прикажуваше документарец за Касиус Клеј (родено име на Мухамед Али). Во тоа време Али беше боксерски шампион на светот во тешка категорија и Брус го сметаше за најдобар борец на сите времиња. Документарецот го прикажа Али во неколку мечеви. Брус постави големо огледало за да го добие одразот на Али од екранот“.

„Го гледаше огледалото и се движеше истовремено со Али. Десната рака на Брус ја следеше десницата на Али, левата нога на Али ја следеше со неговата лева нога. Носеше исти чевли како и Али“.

„Сите велат дека еден ден мора да се борам со Али. Гопроучувам секој негов потег. Почнувам да разбирам како размислува и како се движи. Погледнете јамојата рака. Тоа е мала кинеска рака. Би ме убил“, му рекол Ли кој бил свесен дека никогаш нема да може да добие борба против Али.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON