Рамазан Кадиров го купува АЦБ, целта му е да го претекне Белатор

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров сака да стане голем фактор во боречките спортови и никогаш не го криел тоа. Пред неколку недели се појави информација дека сака да ја купи руската ММА организација Absolute Championship Berkut (ACB/АЦБ), која е во сопственост на чеченскиот бизнисмен Маирбек Хасиев, а удел во неа имаат борците Маирбек Таисумов и Мамед Халидов. Сето ова се покажа како вистинито и денес Кадиров го потврди тоа. Целта му е даго претекне Белатор и да стане втората најсилна организација во светот, по УФЦ. Кадиров ќе го купи АЦБ, како и сите борци во него, и ќе го спои со својота ВФЦА.

Кадиров за tass.ru изјави:

„Сакаме да го купиме АЦБ и да го споиме со ВФЦА. Верувам дека кога тоа ќе се случи, ќе станеме втора најсилна ММА организација и ќе го надминеме Белатор. Тоа е добро за нашиот регион и за Русија во целина“.

https://twitter.com/FarEasterner/status/1067837543440416770?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fofitsialno-ramzan-kadirov-potvardi-slivaneto-na-acb-i-wfca-i-tseli-da-izprevari-bellator

АЦБ има сериозни финансиски потешкотии и оваа година мораше да откаже дел од своите настани. Постои од 2014 година и досега организираше 90 настани. Чеченската ВФЦА е создадена во 2015 година и до денес има 50 настани. Кадиров е голем фан на боречките спортови и на настаните кои често ги организира присуствуваат големи ѕвезди од спортот, а на последниот беа Флојд Мејведер, Фабрицио Вердум и Забит Самедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON