Рамадан Шабани по фантастичниот туш за 30 секунди против Јапонецот Кацуја Отикава во полуфиналето попладнево ќе се бори за златниот медал на Светското првенство во борење слободен стил во Скопје во Д-категорија до 78 килограми.
Во финалето ќе се бори против Турчинот Исмаил Аби.
Претходно Шабани славеше против Казахстанецот Трупалали Сулиманов со 6-2, а првата борба ја доби службено.
Исмет Феруки (88 кг) во истата категорија ќе се бори за брозен медал протев Ерелар Феизулаев од Русија.
Иса Фејзула (130 кг) ги загуби двете борби, а му претстои уште една, но тој ќе го освои бронзениот медал, бидејќи има само тројца борачи.
Тони Танчев (88 кг) во Ц-категорија ќе се бори за бронзениот медал со Унгарецот Кароли Сипеки. Исто така и Тони Димов во оваа категорија до 100 кг ќе се бори за бронзата против Вјесел Тојкун од Турција.
Да потсетиме дека вчера Трајан Ангелов освои сребрен медал, а Игор Мицевски бронзен.
Ipon.mk