Рамадан Мустафовски освои бронзен медал во Турција, а е восхитен од почитта кон олимпискиот шампион Шабан Трстена

Рамадан Мустафовски од БК Чаир го  освои бронзениот медал на Меѓународниот турнир во борење „Хусеин Акбаш“ во Токат, Турција.

Мустафовски вели дека во полуфиналето е оштетен со домашен борач од страна на судиите, а во борбата за бронзениот медал слави со 3-2 над противник од Грузија.

„Со тренерот Хасан Бислими се чудевме колку го почитуваат олимпискиот шампион Шабан Трстена, а во нашата федерација нема место за него. Ова е многу жално и срамно“, вели освојувачот на бронзениот медал.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО