Ракиќ пак го прозва Прохаска, а Чехот се пофали со добра форма

Дали веќе потпиша договор за нашата борба со Самурају или си толку глупав што седиш и чекаш повеќе од една година додека Јан или Гловер не решат да се вратат“, му порача Александар Ракиќ преку Твитер на Чехот Јиржи Прохаска.

Српскиот ММА борец со австриски пасош уште еднаш го повика Прохаска кој забележа две многу убедливи победи по пристигнувањето од Ризин, ги нокаутира Волкан Оездемир и Доминик Рејес и е резерва за главната борба на УФЦ 267 што ќе се одржи на 30 октомври.

На тој настан, шампионот во лесна категорија Јан Блахович го одбрани појасот против Гловер Тешеира.

Ракиќ веќе испрати неколку пораки до чешкиот борец кој по победата против Рејес доби можност да стане следниот предизвикувач во борбата за титулата.

Прохаска очигледно не се потресува премногу од прозивката на Александар, па овојпат напиша мотивациска порака на Инстаграм со три фотографии од тренинг во природа:

„Преземете ја контролата над себе, победете го непријателот“.

Блахович и Тешеира се борат на 30 октомври на УФЦ 267 во Абу Даби, а Прохаска најави дека ќе скокне како замена доколку е потребно.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON