Ракиќ откри дека истата повреда ја имал три недели претходно и се надева на реванш (ФОТО)

Александар Ракиќ загуби на настанот на УФЦ во Лас Вегас во неговиот најважен меч во кариерата.

Српскиот борец со австриски пасош се повреди на почетокот на третата рунда и не можеше да го продолжи мечот против Јан Блахович. На Ракиќ му пропадна коленото на десната нога.

„Беше голема борба, но за жал заврши онака како што никој не сакаше. Тоа е истата проклета повреда што ја имав пред три недели на кампот.

Имав чувство дека ги добив првите две рунди. Првата беше блиску, но втората беше моја. Третата рунда ја отворив многу пред да ми откажа коленото.

Бев извонредно физички подготвен и во третата рунда би почнал да доминирам. Му честитам на Јан и му посакувам се најдобро. Сега треба да се опоравам од повредата и ќе се вратам уште подобар.

Тоа е недовршена борба меѓу мене и Јан и навистина се надевам на реванш“, изјави Александар Ракиќ на Инстаграм.

Којзнае каква одлука ќе донесат раководството на УФЦ и Дана Вајт, бидејќи Ракиќ го загуби мечот, но она што го покажа до моментот кога се повреди беше за сечија почит.

Јан веројатно ќе добие шанса да ја врати титулата која моментално е во сопственост на Гловер Тешеира, кој се бори со Јиржи Прохаска на 11-ти јуни.

А Ракиќ чека да се опорави, а колку ќе трае зависи од тежината на повредата. Тоа беше негов втор пораз во осум настапи во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON