Јан Блахович се повлече од борбата со Александар Ракиќ во полутешка категорија.
Полскиот ветеран на УФЦ откри дека има проблеми со рамото. За овие проблеми беше неопходна хируршка интервенција, која ќе го извади од терените неколку месеци. Тоа го остава Ракиќ без противник за УФЦ 297, кој ќе се одржи на 20 јануари во Торонто, Канада.
Александар не губеше време и веднаш почна да бара нов противник. Своето внимание го сврте кон Јиржи Прохаска. Ракиќ му ја фрли ракавицата на Јиржи, кој му одговори дека ќе се бори најрано во февруари или март. Минатиот месец Прохаска се бореше со Алекс Переира за титулата, но загуби со нокаут.
Нормално е дека не сака да се бори толку брзо. Ракиќ, пак, доаѓа по пораз од Блахович. Двајцата се бореа во средината на 2022 година, при што Ракиќ загуби поради повреда на коленото. Се надеваше на реванш против Јан, но очигледно ќе треба да почека.
Останува да видиме дали УФЦ ќе му најде нов противник на Ракиќ.