Заканата на Рајан Гарсиja дека ќе подготви „мега дуел“ е на пат да се покаже како вистинита.
Младата ѕвезда во средна категорија на социјалните мрежи пушти постер за меч против легендата Мани Пакијао, без да прецизира одреден датум. „Кинграј“ го победи Лук Кембел во последниот меч, а потоа го предизвика шампионот на ВБА, Џервонта Дејвис. Подоцна, сепак, 22-годишниот Американец објави дека привремено се откажува од планот, а денес на социјалните мрежи им покажа на своите следбеници на кого го насочува вниманието.
„Сонот станува реалност. Ќе ми биде чест да го делам рингот со Мани Пакијао, секогаш ќе те почитувам за она што го направи во и надвор од него. Нека победи подобриот!“, напиша Гарсија во колаж со филипинската легенда.
Официјално, Мани Пакијао сè уште нема коментар за ваков меч, но во 2021 година се очекува да се соочи со ММА ѕвездата Конор Мек Грегор во боксерска средба.