Рајан Гарсија: Само ќе те нокаутирам

Јуниорскиот шампион во полусредна категорија на ВБЦ, Девин Хејни и Рајан Гарсија ја одржаа својата прва заедничка прес-конференција во Њујорк пред нивната борба на 20 април и двајцата изгледаа уверени во убедливата победа во нивната голема борба.

„Тој знае дека нема вештини, коефициент на интелигенција, храброст“, рече Хеjни. „Веќе видовме како се откажува. Видовме како клечиш и оваа борба ќе биде иста. Кога станува жешко, се откажуваш“.

„Ќе ти го сритам задникот“, одговори Гарсија. „Нема ни да го натерам да се откаже, само ќе го нокаутирам“.

„Тоа е само голема можност за мене“, продолжи Гарсија. „Кога се занимавав со бокс сакав да заработам многу пари и тоа го направив. Но, сега се стремам за наследството, одам кон титули. Девин Хејни ми стои на патот и јас сум на пат кон одмазда. Подготвен сум да се борам до смрт за се. Подготвен сум да го фатам за гуша, ветувам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON