Рајан Гарсија сака да се повлече од боксот на 26 години

Шампионот во лесна категорија на ВБЦ, Рајан Гарсија навести дека ќе се повлече од боксот во блиска иднина и ќе се пресели во друг спорт.

„Планирам да се повлечам на 26 години, но ова не е официјално. Во минатото сте виделе како борците се пензионираат, а потоа се враќаат. Одам да се пензионирам, и, ако се вратам на рингот, ќе се борам само со борци за кои тие велат дека не можам да ги победам“, рече 21-годишниот талент на „Рич Ајзен шоу“.

По исклучително успешната аматерска кариера, Гарсија стана професионалец и потпиша со Голденбој промоушнс во 2016 година. Брзо направи скор од 20 победи, а пред само две недели го освои привремениот појас на ВБЦ во лесна категорија, нокаутирајќи го Лук Кембел во седмата рунда.

Гарсија не ја исклучува можноста за префрлување во ММА по закачување на боксерските ракавици.

„Ако се повлечам и луѓето почнат да ми велат дека боксот не е вистинска борба, погодете што ќе сторам! Ќе докажам дека сум најдобриот борец на светот! Ќе влезам во ММА и ќе докажам дека ќе го победам секого за кого се вели дека не може да биде победен. Ако тоа треба да биде Конор Мек Грегор, нека биде тој. И јас не го велам тоа за пари. Не ми е гајле за парите. Го велам тоа затоа што така се чувствувам“, додаде Гарсија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON